Не го дочекaа ни Годо, ни Бекет..ги згази такси

Со месеци ги гледам како стојат под дрвото
Конечно им пријдов
„Уште го чекате Годо?“ – ги прашувам
„Не бе, кој го ебе …. го чекаме Бекет“- ми одговори Владимир
„Бекет го чекате?“
„Да, ни должи хонорари“ – Естрагон ми вика додека
си ја гланца левата кондура
“Да не ве разочарам ама тој одамна е мртов“
„Како мртов,?… па кој ќе ни даде пари?“
„За јаже ви требаат нели?“
„Па да, сакаме да се обесиме“
„Знаев…еве ви … јас ви донесов “
„Некако тенко ми изгледа, нема да се скине ?“
„Таман работа, во ИКЕА го купив“
„Ок, фала ти дечко , како се викаш?“
„Зоки“
„Јас сум Вла..“- „Ве знам“ – го прекинав,
“Владимир и Естрагон, сум ја читал книгата“
„Да ви помогнам или можете сами да се обесите?“
„Ќе се снајдеме, нема гајле“
Ги поздравив, преминав улица и викнав такси.
Ги видов како си направија јамки и се обесија
Само што почнав да ги сликам на мобилниот
се слушна „кршшшш“ , гранката се скрши
и двајцата живи-здрави паѓаат на земја
„Хаха не ми се верува, кој малери се значи“
-си мислам додека влегувам во таксито
„До Буњаковец ?“ – ме прашува таксистот
„Да , ама ако не ти е тешко прво згази ги овие двајца“
„За тоа се доплаќа 50 денари“
„Договорено…вози“
Што да правам кога имам добра душа?
Стварно ми падна жал
кога им ги видов разочараните фаци,
ни Годо го дочекаа, ни Бекет,
а еве не можеа ни да се обесат, душички.
Морав да им помогнам, ме сфаќате нели?

Посетено 327 пати