Кога не ти се мрда од под јорган, земи го јорганот со себе
Хотелот Jurys Inn објави видео со двајца дечки кои пробуваат костим кој е комбинација од јорган и одело, а кој компанијата го направила во „обид да им овозможи на луѓето да надоместат со спиење“ на кое било место.
Ланецот хотели испитал 2.500 Британци и открил дека повеќе од половина (56%) имаат проблеми со станување од кревет, премногу им е ладно откако ќе се откријат (46%) и имаат страв од претстојниот работен ден (31%).
Во хумористичното видео се наведува дека најдобар начин да се надомести сонот е носење на јорганот со себе и привремена дремка каде ви душа сака.
„Оделата“ се креирани од дизајнерката Венди Берстед од хотелските перјани јоргани, а јаката на нив може да се искористи како перница.
Идеално за ладни пролетни утра, не?