Нема лошо време, има само лошо облечен човек

што е толку страшен дождот?
на ХТВ гледав репортажа за еден
град во Норвешка каде врне 360 денови годишно
Значи градов е утоп
Прашуваат една локалка дали и смета толку дожд,
толку лошо време.
Оваа со прашалници ја гледа репортерката
и одговара
„нема лошо време, има само лошо облечен човек“

И што е најпарадоксално еден ден во годината
имаат „Ден на дождот“ и цел град е на улица и го слави
Ко за беља баш тој ден не врнеше и нормално
очекуваш цел град да ужива во сонцето
Е овие не.
Сите (од дечиња до пензионери) исокочени
на улица во гумени чизми и кабаници
и локалните пожарникари ги прскаат со црева
и од сите прозоци и балкони ги поливаат со кофи вода
Го споделив чисто како став на некои луѓе
што го имаат за „лошото“ време
Ако не можеш да го победиш, придружи му се

Посетено 1.263 пати