Зошто ги исмевате луѓето што бараат да си ги прошетаат домашните миленици… Зошто?
Јас не знам што ви е со ова исмевање на луѓето што бараат да си ги прошетаат домашните миленици во периодот од 16 часот до 5 часот, како што впрочем е и во Србија и во Грција. Тој што немал миленик можеби не може да сфати, но милениците се дел од многу семејства и нехумано е да се остават да патат по 13 саати, поради извршување основни потреби.
„Давајте им помалку вода“ не е никакво решение. Решение е да се сфати дека на планетава не живеат само луѓе со потреби.
Патем, природата упорно не потсетува дека треба да го разбиеме тоа себично и надмоќно чувство дека само ние владееме со планетава, ама гледам до многу од вас не е стигнат апелот.
Очигледно пораката од „Медена земја“ малку од вас ја разбрале, за функцијата на целокупниот биолошки еко систем.
Фејсбук статус на Мери Јордановска