Мери Јордановска: Еве на тест сме. Тест за САМОСВЕСТ
– Да ги затворите училиштата!
(ги затвораат)
– Е како сега затворени, децата кој ќе ни ги чува?
(еден родител на деца до 10 години се ослободува од работа)
– И што сега, децата пак ќе ни излегуваат надвор, ќе одат по молови, по игротеки, како да го задржам детето дома?! Отворете ги!
(нов случај на корона, не дај боже)
– Ете, не ги затворија училиштата на време.
Крај не се наоѓа. А на никој не му текнува на нешто што се вика САМОСВЕСТ. Еве на тест сме. Конечно да научиме да развиваме колективна свест и да се заштитиме себе и останатите. Ај сеа на миење раце.
Посетено 3.399 пати