Вчера беше Син понеделник, денес Светскиот ден на гушкањето… Кога ќе размислам, баш е поврзано!

Вчера беше Син понеделник или шта би рекли брача Енглези: „Blue Monday“… и мене ми беше особено син. Што од мојот стомачен вирус, што од јануарскава депресија читајќи бројни коментари за „Медена земја“, што од искрешните ствари низ Скопје и пошироко. Од видиковецот на Водно до уништената опрема околу соларното дрво на кејот на Вардар.

За оние кои не знаат, синиот понеделник односно третиот понеделник во годината (значи датумот секогаш е различен) важи за најдепресивниот ден. Не дека мене ми беше нешто депрсивен, иако ми почна турбулетно со стомачен вирус, целодневна диета и кулминираше со јака главоболка.

Но, помина… еве денес сум видно подобрена. Башка, Светскиот ден на гушкањето! А, како подобро да ја поврзеш депресијата, ако не со гушкањето?! На деприсивните најмногу од се’ им е потребна прегратка. Нежност и трпение. Љубов, пред се’!

Кога сме веќе кај љубовта, каде е нашата љубов, еј Македончиња?! Газите по се’ што е убаво, превтувајќи го во политички цели, газите по се’ што е мило и свето… заборавајќи на вистинските вредности во животот. Да заборавиш зошто постоиш, која е твојата цел во животот, зошто еволуира во најсовршеното суштество на планетата – човекот!

Вчера го гледавме Тед, после толку време, поточно вториот дел. Кога Тед се обидува да докаже дека е човек, а не предмет. Тед е мечето што зборува, откако неговиот сопственик на 6-годишна возраст замислува желба неговото мече да му биде најдобар пријател. Таа желба се исполнува и остатото е историја.

Е сега, која е корелацијата на Тед со колумнава? Апропо муабетот за човекот, ќе спомнам дека вчера ми се потврди мислењето дека човекот не го прави човек што има права и обврски према законот. Не! Човекот го прави душата. И Тед иако предмет, сепак има душа, некаков синоним на вистинско мече кое има душа и собира мед некаде во планините.

Адвокатот кој се бореше против Тед, парафразирам: Ние го имаме најдобриот дар да бидеме луѓе! И однеднаш дознаваме дека не ништо специјално околу тоа да си човек!

Да, не е ништо специјално. Бидејќи колку повеќе го запознавам човекот со сите негови зачинети первезии и злоба, толку повеќе се прашувам дали треба да запишеме часови по љубов и трпение, мир и солидарност кај кучето или мачето од улица.

Драги мои, гушкајте се, сакајте се… имајте се. Секој ден е нова прилика да гушнете некого, а за депресивните луѓе секој ден е нова голгота. Спасете ги! Стоплете ги!

Ве поздравувам со една добра песна, апропо вчерашниот ден…

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 246 пати