И повторно не ни доаѓа памет, овој пат Австралија е во пламен! Ја губиме планетава, луѓе!
После пожарите во Русија, Бразил, Калифорнија… на ред дојде и кутрата Австралија каде умреа околу половина милион животни. Па, се прашувам дали ќе ни дојде памет еднаш засекогаш? До кога, ќе ја загрозуваме планетата Земја, до кога таа ќе успее да ги истрпи сите говеда (со извинување кон животните)?
Дали размислуваме дека со ова што го правиме свесно го загрозуваме својот живот и животот на нашите најблиски? Дали некој сфаќа дека со ова си ја ставаме иднината на коцка?
Дали?
Сама на себе почнав да си станувам досадна што постоајно пишувам за исти теми… до кога? До кога ќе се обидуваме да кренеме свест? До кога ќе постојат олоши на кои никако да им дојде памет?
И што е најстрашно… овие психопати ги има на секој континент во огромен број!
Секој од овие големи пожари е со илјадници километри оддалечен… и нанесе толку големо зло врз фауната и флората, што допрва ќе го кркаме за тоа!
Како овие луѓе кои подметнуваат пожари живеат? Зошто не се ставени во санаториум или во затвор, ако ништо друго? Како може овие луѓе да имаат деца, да зборуваат за чесност и морал? Како може овие луѓе да спијат мирно убивајќи милионимилијарда невини животни?
Јас не си ја препознавам државава последниве неколку години, а не па светот! Отиден е по ѓаволите уште одамна, ама изгледа допрва стануваме свесни за тоа!
Дно. Болест. Гадости…
Еве ова е човештвото денес. Среќа на исклучоци што мака мачат да спасат невини животни, што гасат пожари, вршат превенции… и тие се безимени. Ретко спомнати, затоа што тие се нели спасители, а не подметнувачи. За нив ретко ќе се зборува, додека за озогласените цели психолошки профили ќе се прават.
Каде се пожарникарите, каде се анонимните жители кои се фрлаат в оган за да спасат по нешто? Има многу како жената која спаси коала (иако коалата подоцна почина), но за жал никој не слушнал за нив… тие се херои без име и титула.
И се’ додека лошите ги правиме славни, ќе ги има во голем број. Се’ додека гласно зборуваме за Петко, Џорџ, Џемјсон, Раде… се’ дотогаш ќе ги охрабруваме на овие чинови!
слики: edition.cnn.com
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира