29 години од премиерата на филмот „Сам Дома“! Ова сигурно не го знаете за него!

„Сам дома“ е комедија која не треба нешто особено да ја претставуваме. Едноставно кажано, никој од нас не може да си го замисли Божиќ без да ја погледне смешната приказна за едно неверојатно инветивно момче по име Кевин и неговите двајца не толку бистри пријатели криминалци.

Филмот влезе дури и во Гинесовата книга на рекорди како еден од најголемите хитови на сите времиња.

Сигурно и овој Божиќ ќе помине со него, но сепак овие 10 тајни сигурно не ги знаете за него…

И, да! Честито 29 години!

1. Девојката на Баз (братот на Кевин), всушност не е девојка, туку синот на креативниот директор на филмот, па него го трансформирале во девојче. Директорот не сакал да го употреби нејзиниот вистински лик за да не би вознемирил некоја тинејџерка.

2. Актерот Џои Пеши (кој го глуми Хари), често заборавал дека е во главна улога во семејна комедија, па затоа на снимањето често пати можело да се слушне како го изговара зборот fuck (јебига по нашки). Режисерот го советувал да се обиде да го замени тој збор со некоја поблага англиска верзија.

3. За да биде што е можно пореален, Џои Пеши сакал Калкин (Кевин) навистина да се плаши, па затоа на снимањето настојувал што е можно повеќе да се крие од него. Еден ден на снимањето, Пеши навистина успеал случајно да повреди дете (Кевин). Тоа се случило кога ја вежбале сцената во која двајцата криминалци го обесиле Кевин на закалачката, а ликот Хари изговара: „Јас ќе го изгризам секој од овие мали прсти, еден по еден.“ Актерот навистина ги гризнал прстите на Кевин, по што му потекло крв.

4. Филмот „Ангели на валканите души“ кој го гледа Кевин за време на грабежот, всушност не е вистински филм. Кратката сцена од гангстерскиот филм, всушност е снимен посебно за „Сам дома“ како дел од сцената.

5. Тарантулата која го полазила Марви по лицето е вистинска. За да го избегне заплашувањето на пајакот, актерот Даниел Стерн морал да одглуми некого кој вреска од страв без да пушти глас, а звукот е додаден подоцна.

6. Филмот е сниман речиси во целост во Чикаго, а она што се прикажува како аердром во Париз O’Hare International Airport. Луксузните седишта од деловната класа, се всупност поставени на кошаркарско игралиште во месното улилиште, додека училишниот базен е прилагоден за употреба на сцената каде Кевин проаѓа низ поплавениот подрум во својата куќа.

7. Што се однесува до куќата во која Кевин живееше со семејството, истата се наоѓа на адресата 671 Lincoln Avenue во богатиот град Винетка, Илиноис. Вила со три ката, изградена како куќа за едно семејство, ставена е на пазарот за продажба уште во 2011 година за цена од 2,4 милиони долари и е продадена наредната година за 1.585.000 долари. Сега таа е туристичка атракција.

8. Улогата на Хари најпрво им била понудена на Роберт Де Ниро и Џон Ловиц, но и двајцата одбиле.

9. Киеран Калкин, кој во вистинскиот живот е брат на Меколи Калкин, во филмот го глуми неговиот помал братучед Филер, кој стално мокри во кревет.

10. Talkboy диктафонот кој го гледавме во филмот, всушност е непостоечки производ, направен специјално за овој филм, но тој реквизит не работел. Меѓутоа, многу обожаватели на овој филм, посакале за себе ваков диктафон, па затоа после неколку години се појавил во продавниците.

Посетено 4.116 пати