Додека во Србија наш Тошка добива вистинска улица, ние му подаривме само пешачка патека!

Е па затоа нема да не’ биде, што би рекол дедо 5-ре. Знаете што е најсмешно од се’? Што ние секаде велиме дека се гордееме со него, а не можеме да го почестиме ни со една вистинска улица… ние му подаривме пешачка патека и детска улица… ехх Македонијо, ми се плаче кога ќе видам како му враќаш, како враќаш на неговата несебичност… на неговата чесност, на неговото амбасадарство… на неговото СВЕ.

Ќе речеш, ете доби Стадион… да, доби стадион иако препекавме за Универзална сала која ја сметавме за негов дом. Дури и петиција имаше, со бројни поддржувачи. Но, ајде… добивме стадион, тука вклучувајќи други причини. Не ги напоменувам.

Тоше конечно ќе добие пристојно вечно почивалиште, после 12 години од неговата трагична смрт, 12 години. Тоа е период, тоа се години, тоа е повеќе од деценија… но, сепак ќе добие.

На хрватскиот радиски фестивал, во 2009 воведоа награда „Тоше Проески“.

А, ние? Што? Каде се нашите признанија со негово име? Каде?

За Тоше е премалку да се зборува само со припрости реченици, макар да имале и најголема суштина и филозофија во нив, навистина е премалку. И град Тоше да има, нема никогаш да можеме да му се одолжиме.

Тоше не заслужи да замине засекогаш од овој свет, а уште помалку заслужува да го умираме.

Тоше, ти ветувам, дека живееш во нашите срца… и така ќе биде засекогаш, колку и да сме немоќни. Ќе те чуваме и оживуваме.

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 5.851 пати