Таа не замина со друг…
Таа не замина со друг…
Ја сакаше..
Да, ја сакаше можеби на некој свој чуден начин..
Но, во погледот цаклеа искри дента на вашата свадба…
Ја сакаше, го препознавам тоа во твојот поглед со кој толку се гордееш..
Погледот кон вашите две ангелчиња..
Минаа години во кој заедно ги растевте,
но твојата отсутност беше се’ поприсутна…
Некогаш ќе се попречеше и гневот на нејзиниот татко,
тогаш кога ќе ги видеше солзите на неговото чедо…
Го болеа, се врежуваа длабоко,
како што сега Ти будно го следиш секој нивни чекор и се плашиш..
Со право, бидејќи живееме во лудо време и неизвесност..
Минаа години, а твојата кариера се искачуваше кон самиот врв,
и тогаш повторно љубовта беше ставена на испит..
Тогаш кога прашината дишеше во дамарите и војничките чизми…
Ја остави и замина за да можеш еден ден да го сонуваш својот сон,
а таа беше и остана токму онаква како што ја остави тој врнежлив ден..
Не можеше да ги видиш нејзините солзи кои се слеваа со дождот заедно..
Неколку празноглавци успееја да ти ја наполнат главата
за неверството кое никогаш не го стори и ти беше убеден..
Гордоста ти се закачи како крлеж
и не можеше да и погледнеш на вистината во очи..
Но таа никогаш не замина со друг..
Вредна како пчелка работеше и растеше со децата заедно..
Се врати едно септемвриско утро
и по неколку месеци стави крај на тоа што можеше да расте и да буи..
Како надојдена река после суша..
Од тогаш минаа години…
Се обидуваше..
Знам дека се обиде да најдеш сродна душа,
некој кој ќе го следи твојот пат и заедно ќе чекорите,
без да ги забележиш ситните стапки на жената која будно те следеше..
Во сенка..
Жената која те сакаше со цело срце и се’ уште те сака..
Со истиот жар како некогаш..Кога си играше си нејзината виткана коса..
Сега..
Сега повторно си ставен на тест..
Повторно се смешкаш на еден лик и потајно коваш план за иднината..
Ликот има едно минато со модринки и лузни..
И ти секогаш ќе бидеш ставен на испит кај неа..
Недовербата ќе биде посилна од љубовта..
Немој да бидеш уште една лузна повеќе..
Обиди се да го сошиеш срцето што крвари..
Тоа што те сака..
Не ставај уште една модринка и отворена рана..
Таа знае..
Бидејќи никогаш не престана да се грижи за тебе..
Не престана да те сака..
Во погледот на вашите деца..
Ти си вечноста која ја сака повеќе од себе си..
И сиот свет да го завртиш, таа ќе ти биде во мислите..
Само погледни поубаво..
Ќе биде се во ред..
Оли