Садет конечно ја пронајде Јасмина

Ѝ помогнал на една од патничките во автобусот, ја извлекол од него, па ја барал потоа по болниците молејќи се да преживеала.

Фото МКД

Го прочитав насловот „Садет конечно ја пронајде Јасмина“ и буквално се наежив. Колку убави имиња! Колку многу човечност и добрина се собрале во една единствена реченица! Колку голема разлика меѓу Садет и Јасмина и оние забегани бездушници кои блуеја омраза и презир по етничка основа додека нивни сограѓани умираа! Разлика меѓу луѓе и нелуѓе… непремостива!

Посетено 713 пати