Ние за Јапанците сме Никола Тесла

Печеме ракија, и на транзистор шушка некое од локалните радија…

Помеѓу музиката, водителот чита блок занимливости….

Доаѓа на ред текст за тоа колку Јапонците се напредни, трудољубиви, прогресивни…

Чичко ми, веднаш со патриотски вербален гард:

-Јапонците колку и да се напредна, футуристичка нација, можам да се кладам дека не знаат за ставање на секирата у кофа вода за да не ти сере држаљето.

 

У право е човекот, затоа и не се многу секираме за реалноста!!

Посетено 570 пати