Не е проблемот во политиката – треба и такви постови. Но труење без аргументи и 100% секој ден, НЕ, благодарам.


Ми бара(ат) пријателство на ФБ – значи пријателство. Не го знам но еве да проширам Пријателство – го/ја прифаќам. И потоа труе со политика (или религија) секој ден. Нема никаков нормален пост. Ставам постови за музика или нешто слично – нема реакција. Ако немаме заеднички јазик за нормални работи, дали сме пријатели се прашувам или служам како медиум за политичко празнење на поединци?

Од такви пропагандни постови не можам да видам постови на драги луѓе. Почнав со Snooze 30 денови ама џабе. На некои не им доаѓа памет.

Сега секој ден по некого ќе си го анфрендувам – за да ми се отвори поубав пат. Не е проблемот во политиката – треба и такви постови. Но труење без аргументи и 100% секој ден, НЕ, благодарам. Ако сакам политика, ќе си лајкнам страна на политичар и ќе си читам.

Убав викенд посакувам! 

Фејсбук статус: Венко Глигоров

Посетено 714 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!