Ми слетува комарец на бицепс и ми вика:

Слетува ми еден комарец на бицепсо како гавран на клавир Petrof, гледа ме у очи и вика:

-Топло мајсторе а, нека си ибе мајката..
-Ќути, изгоровме од сабајле. – враќам му
-Него гледам те, не си мамурен денеска, па викам чекај да се частам од таа влашка нулта негатив.
-Ако бе братче, кога е било за тебе проблем.
-Нека бе, заебавам се, нејќам крв, ја за друго дојдов.
-Кажи, му викам, како можам да помогнам.
-Абееее….Сте чуле ли за Лајонес….

И те го сеа, мртов меѓу бицепсо и подлактицата…

Посетено 797 пати