Заебано е да се фатиш со откачена

„многу си ми чудна“
„зошто?“ – ме погледна со прашалници
„заради дупките во глава… никогаш не сум видел
човек со 3 дупки во глава“
„а тоа ни е маалски обичај..на секое женско бебе
штом ќе се роди му се прават 3 дупки“
„не сум чул за таков обичај“
„па да, тоа е обичај кај страоседелците во Трнодол
за да не им ги земаат турците женските деца за харем“
„аха, а зошто баш 3, зошто не 2 или 8“
„па тогаш се седело на мали троножни столчиња
и така, ќе ти го треснат од глава и опп, 3 дупки се прават“
„не сум чул за таков обичај.. а учев етнологија и антропологија
од I-во до IV-то.. да не ме лажеш малце?“
„па добро..си ставав пирсови
ама не се погодија па ги извадив“
„ајдее што пирсови биле жити мајка?..како крстот од Водно
да ти прошол низ глава“
„па блиску си.. имав штрафови за пруга ама стално
ме маваа громови и така..ги извадив“
„хаха си била ептен луда.. не сум сретнал толку
откачена Трнодолка.. супер си“
Мило ме погледна и после неколку секунди ми прашува
„стварно мислиш така?.. не сум ти ружна?
„не ма, баш си ми интересна а и практична“
„како практична?“
„па ако си ми девојка кога ќе се лапаме ќе ставам
прсти во дупките наместо да ти ја допирам косата
и без везе да ти ја прљам …. сакаш да пробаме?“
„па може, зошто да не“
„а башка низ дупките ти го гледам и гзот во огледало“
„да ?.. убав гз имам ?“
„најубав“
Наеднаш нешто се штрецна
„чекај малце- се сврти па бесно ме погледна
-па нема огледало позади, ти кој знае чив гз си гледал“
„упсс, ивини грешка“
„каква грешка ?… кретен си како и сите машки“
– и пред да си дојдам на себе ми збрца 3 огромни
железничарски штрафови во глава и си отиде
Офф леле боли ова, се мислам, пак се заебав
што се плеткам со откачени,
фати си некоја нормална женска,
ќе и’ пуштиш Селин Дион во кола
па до Халкидики нема глас да и’ чуеш
Башка и да раскинеш
највероватно нема да завршиш на хирургија

Посетено 787 пати