Слушај синко да ти кажам кога идевме у Трст…
Пораснавме по маала, на улица, по флипери, пред коперации. Херои ни беа локални шлокаџии и нереализирани ликови. Еден таков, пиејќи го петнаесетиот Кроненбир, ми раскажуваше:
-Ма вие ништо не знаете, еееее у наше време. Млади, убави, со пари. Пички колку сакаш, кафани по цел ден, ма не ни чуеше за ништо. Палам Фиќото, упаѓаме осум души унутра и правец за Трст на пазарење!
-Е како осум души стигнавте до Трст? А на граница? – го прашувам збунето
-Тоа тебе ич кур да не те боли!!! – поентира.
И стварно не ме боли, и ден денес…
Посетено 1.395 пати