Семафорите моја судбина
Чекам на семафор, си прскам парфемче и давам знак на двајца тинејџери дека не сакам да ја чистат шофершајбната. Не се откажуваат, застануваат и викаат по мене:
-” Мајчеее” – скар сум не се вртам оти “мајче” е само чекор до “бапче”
-“Теткеее” – е така може
Отворам прозорец, две глави и голи вратови.
-“Тетке, ај прсни нѐ и нас”.
Ок. 2х2- две прскања по чоек. Кшшш, кшшш, кшшшш, кшшш.
-“Фала тетке”
-“Нема на што теткини, шибајте”!
Посетено 1.845 пати