Осми Март
Day before happines
Која е суштината на овој ден?
На овој ден треба да се реферираат успесите на здруженијата на жените или поединки во текот на изминатата година.
На пример:
• Измена на законот за абортус – да не ни се пикаат во матките;
• Измена на законот за семејно насилство – да не треба да чека жената да ја претепаат, па дури тогаш да реагира полицијата;
• Изградба на шелтер центри за трајно решавање на стамбеното прашање на малтретираните жени;
• Измена на сите закони каде што се штити мажот – во МК сите закони се направени за мажите;
• Итн…….
Значи не е поентата мажот да ја ’пушти’ жената еднаш годишно да излезе од дома, да направи фЛизура и од Фирма да ’слави’ 8.март.
И после пар чашици во екстаза и муџахедински транс да гази боса по руската салата