Сцената од „Психо“ најпозната во историјата на кинематографијата
[fblike]
На тукушто завршеното 39. издание на филмскиот фестивал на независен филм „Санденс“, во програмата на документарен филм, големо внимание привлече остварувањето „78/52“ на Александар О. Филип, посветено на познатата сцена под туш во филмот „Психо“ на Алфред Хичкок. Убиството под туш во „Психо“ се смета за една од најпознатите сцени во историјата на кинематографијата, како од очигледни причини, така и од причини што сѐ уште не се познати.
– Мислам дека не би можел да снимам филм од 90 минути за која било друга сцена. Таа е пример за апсолутно ремек-дело што може бескрајно да се проучува и истражува, и без разлика колку пати да се прегледа, секогаш се учи нешто ново. На филмот работев три години и сепак сметам дека има уште за откривање – вели Александар О. Филип.
Режисерот признава дека за сѐ е виновно Хичкоковото извонредно мајсторство во филмскиот медиум, како и фокусот на деталите.
– Доколку се додадат и неговите соработници, Бернард Херман како композитор, Џорџ Томазини како монтажер и Џенет Ли како глумица, се добива една „совршена генијална бура“ – истакнува Филип.
Веднаш по премиерата во 1960 година, филмот на Хичкок ги вознемири гледачите со ненадејната смрт на актерката во главната улога, Џенет Ли, на половина филм. Дискусиите за „Психо“ сѐ уште постојат и чудно е што беа потребни 57 години за да се сними филм за тоа.
Посетено 356 пати