Ќе мораш брзо да научиш дека животот има една голема вага

baby after bath #11

Убаво ти е кога те сакаат? Кога ти посветуваат време? Кога си во центарот на нивното внимание? Види, луѓето тоа го прават на бебињата. А бебето ќе се насмевне и ќе им ги стопи срцата. Бебињата така плаќаат за сета грижа, љубов и внимание. Но, кога ќе пораснеш, насмевката веќе не е доволна. Ќе мораш брзо да научиш дека животот има една голема вага. Ќе измери се што си добил и ќе побара реципроцитет. Инаку, полека ќе остануваш без тие нешта кои толку ти значат. Полека ќе остануваш сам. Немој тогаш да ти лебдат прашалници. Немој да се чудиш зошто луѓето си заминуваат. Во твој интерес е да трупаш вредности на твојата страна од вагата. Нека се преполнува. Нека натежне. Дека може некој ќе ти направи добрина без да знаеш. Гледај да не бидеш во минус. Дека вага ко вага, не знае да лаже.

Посетено 3.883 пати