Шест грешки кои ги правите при распоред на ѕид – галерија

zid-greski-pocetna_majkatiitatkotiСите сакаме ѕид- галерија. Но како тој да изгледа добро? Еве неколку грешки кои луѓето најчесто ги прават при поставување
на сликите на ѕид- галерија
1. Не користете различни големини на слики
Употребете неколку поголеми парчиња за фокусирање на окото. “Најчесто ги варирам величините на сликите, особено на голем ѕид, но сакам две-три големи слики кои помагаат при фокусирањето на окото- и некако секогаш се околу средината на ѕидот,” вели дизајнерот Scot Meacham Wood.
2. Не размислувате за поставување на сликите пред да ги закачите
Размислете. Или направете скица како сакате да ги закачите, или прво поставете ги на подот за да го направите распоредот кој ви се допаѓа. “Јас секогаш започнувам со закачување на најголемото парче, а потоа помалите, ” вели Wood.
3. Малку опции
Целта е да соберете речиси двојно повеќе слики, отколку што навистина ви се потребни . ” Сакате да имате доволно опции , така што ќе можете да додавате и одземате при поставувањето”, вели стилистот Rosy Strazzeri – Fridman . “Последното нешто што сакате е да бидете заглавени со едно или две парчиња кои не функционираат заедно.”
4. Заборавате на боја
За унифициран изглед, важно е да мислите на боите и стиловите на рамките кои сакате да ги употребите. StrazzeriFridman предлага или да се одлучите за една палета на бои, или да измешате неутрални, со еклектичен микс на рамки. Или пак, разнобојни слики, во исти, едноставни рамки.
5. Растојание
Растојанието помеѓу рамките нека биде подеднакво. Но ако една од рамките е подебела, дадете и поголем простор.
6. Размислувајте пошироко
Не морате да закачите само слики. Доколку мислите дека на вашиот ѕид- галерија му недостасува нешто, помислете на други детали, како на пример чинии, огледала или друг декор за ѕидови.

prevzemeno-logo-interior
595х90 px-01

Посетено 1.539 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!