Девојчето

devojceto-pocetna_majkatiitatkotiИмаше 16 години. Напатена беше. Сонуваше. Среќичка мала, љубов сакаше. И да се ослободи од немаштијата, плетените џемпречиња од баба и’, да избега од тагата по дома што тежеше како тмурен облак пред дожд. Еден ден се заљуби. Во погрешен. Локална манга. Сепак срценцето и’ трепереше при секоја средба, душичката и’ се радуваше. Знаеше да ја бакнува нежно со страст. Доволно беше и тоа….

Ги проверуваше гаќичките без престан, секој миг, секој фрејм…НЕМА, НЕМА, НЕМА!!

– Знам една што го прави тоа без проблем – и’ рече другарка и’.
Отидоа.
– Ќе седиш во врела вода во када и ќе пиеш квасец. Дојди утре.

Болеше, многу болеше…. А детенцето какво ќе беше. Со сини очи? Бело? Солзи горки без престан…..Го немаше никаде. Исчезна тој….

Родителите и’се викаа стечајци.

-Ти дојде, а?
-Да
-Многу крвариш, купатилото е лом. Многу ти каснеше.
– Да

Утробата и’ се превртуваше од болка. Дали за прв пат во животот да сподели со мајка и’. Да вреска, да плаче, да моли, да ја преколнува да излезе од маглата.. – – -Мамо, мамичке ми требаш, сакам да имам мајка ….

Мајка и’ веќе не се сеќаваше дали некогаш го сакала. Можеби еднаш, некогаш, далеку беше тоа… Од него ништо не остана. Беше сенка. Тој и шишето. И неговиот неподнослив мирис на сиромаштија и чемер.
– СТАНИ ПИЈАНИЦО, СТАНИИИИ!! Лошо и’ е. Се губи, блада. Маминооооо….

Сирени, бели лекари, бело, бело…
– Почекајте надвор. Многу крв изгуби…
– Жал ми е. Дадовме сѐ од себе……

Стоеше скаменета. Конечно душата и’ умре….
Сѐ и’ зедоа, радоста, среќата, ДЕТЕТО

Посветено на Министерот за здравство

Посетено 3.976 пати