Мајсторе, шиеш ли капути по мерка?

– Мајсторе, шиеш ли капути по мерка?
– Шијам дечко, ама имаш купечки. Дури и поевтини искачаат.
– Нејќам од тие мајсторе.
– Оти бе пиле? Шо им фали?
– Купив еден лани ама не го носам. Ги правеле за самци.
– Како тоа за самци?
– Тесни им се џебовите мајсторе. Само една рака собира. Мене ми
треба за две. Мојата и нејзината.

Посетено 7.586 пати