Како деца викавме – “мечка страв – мене не страв” и скокавме
Децо, не треба вас да ви мудрувам, вие се раѓате со две-три магистратури и бар еден докторат… Ама околу животот, работите стојат така – за ништо нема гаранција. Се е ризик. Одењето по улица е ризик, возењето точак е ризик, летањето со авион е ризик, заљубувањето е – ризик. А најмногу од се – животот е ризик. Но, ако се научиш да ги прифаќаш овие ризици – си научил да живееш. Како деца викавме – “мечка страв – мене не страв” и скокавме. Ни фуфкаше, ама скокавме. И сега ни фуфка од многу работи, ама скокаме. Дека кој ни е изборот? Да не се родиме?
Посетено 2.534 пати