Македонци на одмор

plaza makedonci-naslovna_majkatiitatkoti[fblike]
На плажа.

Се оди во рани зори. Прво детето се пушта во извидница да види дали има место. Се распостилаат на 10 сламарици и пешкири, најмалку 2 чадори, плус дополнително шатор, на 50 метри квадратни. Таму се доручкува и руча, со тањири, салати, лубеници, вилушки, лажици, се комплет. Се седи до изгорување, да се фати сонцето нели. Мајката по цел ден вришти: Маркооооо излези од вода си помодрел! Маркоооо ела да те намачкам си изгорел! Инаку мајката се бања во плиткото, пошто најверојатно не знае да плива, ама затоа знае да се слика у сите пози, дур детето у позадина и се дави. Таткото го носи детето во длабокото со сила, тоа пак вришти: страв ми ееееее! Таткото: не се плаши, татичко те држи! Види, види рипче! Детето уште толку: Аааааа! Пошто најверојатно рипче не видело. Тенис играат под нос и по глава на луѓето, па летаат топчиња на сите страни, и тоа од оние жолтите, тешките. Таткото кога влегува во вода, зима залет едно 20 метра, па се џитка трчајќи да го види цела плажа, прска успут се живо и диво со песок, па со вода, а внатре онака шизички си прави гаргара и си плука. Или, таму кај што има најмногу галама на плажа, Македонци се!

Во хотел, апартман.

Од 3-5. Време за одмор. Културен народ си молчи. Ако вриштат деца и се бркаат по скали и лифтови, Македонци се. Ако некој преместува и шкрипи со маси, столови, кревети, Македонци се. Ако некој се смее на цел глас за време ручек и раскажува колку длабоко отишол и какви риби фатил, Македонец е. Мајката се дере по Марко – Јади ко ти викам, Томе речи му бе, види го, ништо не изел! А чинијата полна како за 4-ца возрасни! На Томе баш му е гајле – Марко, слушај ја мајка ти да не ти ја залепам една! Снежо, ај ма па и ти доста, каква мајка си, едно дете не знаеш да нараниш! Или, таму кај што има најмногу галама во хотел, Македонци се!

Навечер

Во ресторан. Пак вриштење. Маркоооооо се накапа со кечапот, ќе те утепам! Го брише мајката, во сред ресторан го преслекува. Пази чашата ќе ја бутнеш! Седи мирен! Детето станува и трча како улаво меѓу маси и се ѕвери по луѓе. По продавници, кој се ценка за 1 евро, Македонец е. Ако дете вришти, сакам сладоледдддддддд, па пет минути подолу, сакам камионннннн, Македонче е. Ако родител го плеска детето на сред улица дур оно се треска од земја од плачење, Македонец е. Или, таму кај што има најмногу галама на улица, Македонци се!
Во основа, чуден, некултурен и галамџиски народ. Каде и да се, секој по секого вришти, а никој никого не слуша!

595x90

Посетено 25.373 пати