Генијалниот часовник зад кој буквално стои човек
“The Real Time Schiphol Clock”
Поранешниот часовник на аеродромот во Амстердам го замени предименџионираниот Real Time саат чии стрелки во реално време
ги исцртува човек, или така ни се чини
Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам доби една голема и генијална атракција. Холандскиот дизајнер и уметник Maarten Baas го дизајнираше и создаде предимензионираниот Real Time часовник кој го замени досегашниот-класичниот, кој се наоѓа во зоната на чекање 2. Всушност, овој интересен концепт на часовник нема физички стрелки, но реалното време го прави “човекот” кој е сместен во позадината на коцката на висечкиот часовник. Од неговата силуета се гледа дека е облечен во сина модерна униформа, а има и црвена кофа со боја и жолт сунѓер со кој ја брише платформата на која ги исцртува стрелките. Ако сте мислеле дека ова е вистинскиот човек, не е, само станува збор за сјајна видео анимација во времетраење од, секако, 12 часа, што се врти во loop Дури и не треба да се спомене дека проектот на овој ценет уметник ги импресионираше сите кои се најдоа на аеродромот, како и оние кои ја следат неговата работа веќе подолго време.
Посетено 913 пати