Витамински освежителни пијалаци – лоша идеја во жешките денови
За избалансираност и здравје не е важно само што се јаде, туку и што се пие. Секогаш е подобро да одберете обична минерална вода, особено во жешките летни денови кога телото постојано губи течности преку потење
[dropcap]Н[/dropcap]еодамна прочуениот витамински пијалак познат како витаминска вода со додадени витамини и минерали промовиран е како здрав. Како и да е и колку витамини и да поседува, овој освежителен напиток е преоптоварен со шеќер, најчесто фруктоза и може да се каже дека претставува само подобра варијанта на обичните газирани сокови. Веќе е добро познато дека додадениот шеќер, без разлика од какво потекло е, може да предизвика сериозни проблеми кога се консумира во преголеми количини.
Исто така, речиси на никој организам реално не му се потребни повеќе од додадените нутритиенти од витаминските води. Производителите на ваквите сокчиња, исто така тврдат дека тие содржат природни бои и вкусови, во што тешко може да се поверува. Постојат и варијанти за дијабетичари, од типот „Zero“, без додаден шеќер. Тие најчесто се засладувани со Еритритол – Erythritol и рафинирано слатко соединение екстрахирано од растението стевиа – Stevia.