Бучавата е бавен убиец

Постојаната изложеност на бучава бавно но сигурно го загрозува вашето здравје

[dropcap]К[/dropcap]олкумина од вас не можат да заспијат без вклучен телевизор или пак имаат проблем да спијат во целосна тишина? Бидејќи сме постојано опкружени со бучава, се навикнуваме да живееме со неа и дури не ја ни забележуваме. Но иако сме ја прифатиле како составен дел од животот, не значи дека е корисна за нашето здравје.

dali-bucavata-e-stetna-za-zdravjeto_image

 Постојат сè повеќе истражувања кои што истакнуваат дека постојаната надворешна бучава може да има негативно влијание врз здравјето. Ефектите може да бидат физички и ментални, а бучавата дури може да предизвика и пречки во способноста на децата за учење.

Неодамнешни истражувања откриваат дека бучавата од сообраќајниците и од авионите го зголемува ризикот од висок крвен притисок, особено доколку изложеноста на бучава се случува навечер. Бучавата од авионите, освен проблеми со слухот, исто така може да доведе до кардиоваскуларни и срцеви заболувања на оние што живеат во непосредната околина на аеродром.

Ефектите кои што бучавата ги има врз менталното здравје, резултираат со вознемиреност, мачнина и нарушен сон.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/dali-buchavata-e-shtetna-za-zdravjeto/”]Дознајте ги сите штетни последици од бучавата[/button]

Посетено 322 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!