Живот според правилата на Далај Лама

Легендарниот миротворец и нобеловец Далај Лама има објавено многу дела, но за повеќето најинтересни се неговите правила за среќен живот. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси секогаш вклучуваат и голем ризик.

His-Holiness-the-Dalai-Lama

Во животот не можете да победите секојпат, но многу е важно во поразот да научите лекција.

Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите, преземајте одговорност за своите дела.

Понекогаш најдобрата работа што може да ви се случи е да не го добиете тоа што го сакате.

Добро научете ги правилата за да знаете добро да ги кршите.

Не дозволувајте малите несогласувања да наштетат на големо пријателство.

Кога сте сфатиле дека сте погрешиле, веднаш направете се за да ја поправите грешката.

Секој ден одвојувајте барем малку време за себе.

Не се плашете да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.

Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарете и почнете да размислувате за вашиот живот, ќе можете по вторпат да уживате во него.

Атмосфера преполна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.

Кога не се согласувате со саканата личност, фокусирајте се исклучиво на сегашната ситуација.

Посетено 2.609 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!