8 работи кои ќе ги научите за врските кога сте сингл

Не треба да ви кажуваме дека постојат многу предности да се биде сингл. Ако сте дел од милениумската генерација тогаш многу добро знаете колку е забавно да се биде сингл. Тoa е генерацијаta со поотворени гледишта.


Да се биде сингл е одлично додека сте млади кога треба да разберете што е навистина важно во животот. Но, кога ќе поминат години и како ќе стареете, вашите погледи на светот ќе се променат.

Да се биде сингл во одреден дел од вашиот живот е многу значајно. Постојат многу луѓе кои научиле многу лекции од оние кои им биле партнери во текот на нивниот живот. Со статусот сингл можете да научите многу.

Еве неколку работи кои можете да ги научите доколку вашиот статус е сингл:

1. Подобро е да се биде сингл отколку да се биде во лоша врска

Да бидете сами е многу подобро, отколку да бидете во врска која ќе биде отровна за вас. И двајцата ќе научите многу животни лекции, но, едноставно некои лекции и немате потреба да ги научите. Ќе научите дека доколку некој ве третира како ѓубре, во тој случај и тој самиот е таков. Доколку сте подолго време сингл ќе научите дека фактот да се биде сингл нема да ве убие. Па, нема потреба да се плашите и да заглавите со некој кој емотивно ќе ве злоупотребува.

        2. Подобро е да се биде во одлична врска отколку да се биде сингл

Има големи предности во тоа да се биде сингл, но тоа се паѓа во вода кога ќе се спореди со тоа да се биде сакан, да има некој кој ќе се грижи за вас и да имате една одлична врска која ќе ве исполнува.

Светот може да биде неубаво и грубо место за живеење. Сепак, убаво е да постои некој кој е на ваша страна за да ви помогне да најдете смисол во сите бесмислености. Тоа се само оние најблиските за нас кои можат да ни помогнат да останеме фокусирани на сите добри работи во животот.

        3. Не постои едноставно решение

Кога сте сингл, набрзо сфаќате дека постојат многу риби во океанот.

Никогаш не било полесно да сретнете некој кој е личност како од вашите соништа. Потребно е да помине што подолго време за да ги научите сите лекции кои треба да се научат. Кога ќе ја сретнете вистинската личност, сепак тоа нема да ви биде доволно за да ги направите работите да функционираат.

4. Постојат неколку луѓе кои ќе ви одговараат за вас и верувајте во тоа

Иако мислите дека е лесно да најдете некој со кој ќе го поминете животот, сепак од друга страна и не е така лесно. Но, ништо убаво не доаѓа лесно, зар не? Зошто во љубовта би било поинаку? Кога ќе почнеме да го живееме животот како сингл мислиме дека наоѓањето на следна нова личност за нас ќе биде лесна работа. Но, многу често се разочаруваме.

Можеби ќе почнете да излегувате почесто и да си давате шанса на себеси дека ќе најдете некој кој ви одговара, но на крајот на денот, процентите ќе останат исти.

      5. Некои луѓе се едноставно лоши во врските

Кога ќе дојдете до овој заклучок после неколку месеци или години откако ќе ви пропаднат неколку врски, или кога ќе видите околу вас други врски кои пропаднале, факт е дека ќе дојдете до заклучокот дека луѓето не се добри парнери. Не дека не можат да бидат добри партнери, но тие систематски одбираат да не бидат добри.

       6. Водењето љубов станува одлично кога се грижите за партнерот со кој спиете

Повеќето луѓе кои преферираат да бидат сингл, го сакаат тоа бидејќи сакаат да имаат повеќе сексуални партнери. Како да се колекционери на собрани искуства. Вистината е дека тие ќе имаат разновидни искуства и моменти, некои ќе бидат лоши, а некои убави. Кој е најлошиот дел од сево ова? Водењето љубов никогаш нема да биде убаво доколку не е со вистинската личност. Можеби мислите дека нема да најдете личност која ќе ви биде од големо значење и со која ќе водите љубов, но бидете сигурни дека некаде надвор постои таква личност која чека на вас.

      7. Да бидете сингл значи дека ќе бидете осамени, а тоа е нешто што не можете да го избегнете

Да бидете сами значи дека ќе бидете осамени. Пријателите и фамилијата ќе ви бидат од корист, но не е исто. Доколку сакате да ја почувствувате убавината на љубовта, тогаш ви е потребна романтична љубов. Многумина од нас мислат да се биде сингл е супер. Но, не е баш така.

       8. Ништо не може да ја уништи заљубеноста

Понекогаш ја споредуваме љубовта со дрогата. Вистината е дека ви е потребно повеќе љубов баш тогаш кога ја немате. Љубовта е како дрога. Еднаш кога ќе пробате, сакате да трае цел живот. Добрата вест е тоа што дрогата ви гарантира дека ќе ве уништи целосно и психички и физички, но пронаоѓањето на љубов на вашиот живот ќе биде најубавото нешто кое ви се има случено во животот.

Посетено 3.860 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!