Водич за италијанско кафе
Додека кај нас под кафе се подразбира „торта“ со чоколаден сируп и колачиња, Италијаните се држат до строгата форма – еспресо, секогаш и секаде.
Во Италија, синоним за кафето е еспресо. Побарајте кафе во кафуле од Триесте до Палермо и ќе ви дадат еспресо. Може да го пиете во кафулето (поскапо е), или поевтината варијанта, да го пиете на шанк, al banco.
Шеќерот е опционален. Ниедна или една лажичка шеќер наместо 15. Секако, постојат варијации на овој напиток.
Некои додаваат лажичка пена од млеко: макијато, кое не треба да се меша со она што ние го знаеме како кофа млеко и карамела. Некои кафето го пијат со дополнително додавање на топла вода: американо.
Наутро постои опција за капучино (епсресо со парено млеко и пена). Важно е да се напомене дека капучиното се смета за напиток што оди со појадок, и не се нарачува попладне.
Фрапучиното не постои. Не е ни опција.
Во југот на Италија, за времен а потоплите месеци, може да ви послужат кафе со коцка мраз. На северот пак, на кафето понекогаш му се додава ликер, il caffé corretto (најчесто се додава самбука, бренди или коњак).
Другите варијанти што едвај се сметаат за кафе и се богати со шеќер и чоколадо обично се сметаат за пудинг и се консумираат на крајот на богат медитерански оброк, а не наутро пред работа.
Една од овие варијанти е марокиното, кое се состои од доза еспресо измешано со какао и пена од млеко. Исто така, познато е и афогатото – напиток што се добива откако ќе се истури еспресо врз сладолед.
И секако, некои уживаат во бескофеинско кафе, il deka.