Првата „облечена“ Плејбој насловна

[fblike]

Playboy March 2016 by Theo Wenner
Првата Плејбој насловна страница на која нема голотија осамна на социјалните медиуми, а списанието треба да излезе месецов.
„Сега ве дели само еден клик од секој сексуален чин што може да си го замислите, и тоа бесплатно. Во моментов тоа е веќе видено“, изјави извршниот директор на Плејбој, Скот Фландерс во октомври минатата година, во одбрана на одлуката да претстанат со голотија.
Ова лично (и веројатно со тешко срце), го поддржал и Хју Хефнер.
Првата облечена Плејбој девојка е 20-годишната Сара МекДаниел, а темата на насловната, очекувано е социјални медиуми.
Праправнуката на Ернест Хемингвеј, Дри Андерсон исто така се појавува во првата „облечена“ средина на списанието, облечена во бела ноќница и гаќички.
Плејбој тврди дека новите фотографии не се ретуширани, што е огромна промена од минатата пракса на „пеглање“ на моделите во Фотошоп.
Посетено 680 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!