Стоев дотерана на дождот
[fblike]..стоев дотерана на дождот..на себе имав лакирани чевли, свилени црни чорапи, тесен црн фустан, бисерен ѓердан, шминка само за тебе и тазе фризура..те чекав со полно срце, куп емоции и смислени шеги..те чекав на тротоар под големиот светлечки билборд..исто ко од амерички филм со познати глумци и непозната содржина..дождот ме шибаше у лице, ми се топеше црниот молив со кој го истакнав мојот заљубен поглед, пудрата течеше низ вратот од кој белите бисери стануваа истечени сафири..на косата веќе и не мислев, ни каква е, ни дали ја имам, зошто сите коли ме заплиснаа со бранови од немиегајлетвојатажедзатебе води..и стоев и те чекав во занес..
..поминаа сите коли, сите светла, сите филмови со своја насока,со иднина и свое минато…се појави ти, големиот Гетсби во синтетички тренерки од Абидас трејдмарк..се` што сакаше, е побрзо да влезам во твоето возило од триестисуќаеура со гласна музика и бас на дванаеска, и да не ти накисне косата, јер ја продаваш за девет евра прамен.. 5 евра, со попуст..
..ги скинав бисерите, ти ги фрлив у вирот и ти викнав земи ги, земи ги! со секој прамен идат гратис! еве ти ја и косата моја, исчупани прамени за амајлија на ретровизор! пали колата у трета и шибај на црвено, пошто за фраер жуто е педерски стоп!..
..од се` што остана на мене беше тоа светлото од карши на леблебиџилницата на Фекри, со слабо светло и суво грозје..го џвакав накај дома со друштво од три маалски џукели, кои верно ме пратеа до првата маалска клупа, на која седеа Загор, Снуп ДоК и Аце Македонски, пиеја пластика пиво и ми правеа друштво до сабајле за ич пари и многу ќејф..
..дожд врнеше цело време,ние се смеевме, од креонот мој графити за Глуп Гетсби шкарабавме, со некој бисер џамлии поигравме, со свилените чорапи жмурки у место игравме, а за Абидас милион дупачки смисливме..
..твојата сељачка коса одлучи за музичката нумера на вечерта..и поише..
Посетено 1.214 пати