Кога Боемите ќе стивнат: Д Рајз оф Д “Wannabe” Боемчиња

tin ujevic_majkatiitatkotiЕдно 250 години пред да го удостоиме јас и ти светов со своето присуство, мудрите луѓе некаде во околината на Белград ги удриле темелите на една многу битна установа. А нивните уште помудри следбеници ја прошириле кај стигнале. Кафаната. Тоа е установа која е тука да ти се најде кога потајно патиш по другарка ти Лиле, по пеналот на Емре во 93-та минута, или кога комшиката од 6-ти не ти подарува ни 2% од своето сексуално внимание (не те ебе 2 посто). Али тоа е и установа која во тебе ги буди Ренар и Молиер, од која бар еднаш те враќале верните ти другари, и установа во која си поминал некои романтични времиња кои на 85 години ќе ти бидат највредниот тестамент. Институција бре!

Е како почитувач на таа институција, не можам да се помирам со една многу лоша и нажалост се помодерна работа. Wannabe боемчиња. Ликови кои го сквернават ’ликот и делото’ на кафаната, и кои ако се прашувам јас, треба да ги пратиш пешки до Мала Азија во окови, а таму да ги вработат на каменолом или ноќна смена чувар во турски затвор. Да ги препознаеш не е тешко. Прво, самиот физикус го издава. Направил фризурче ради кое и Џастин Бибер би се посрал од љубомора, обично носи струкирана кошул(к)а напикана во фармерка која пола не ја гледаш ради токата ’Долче и Габана’ на каишот, и на километар ипол се осеќа на колонска вода. А неретко знае да се појави и со некое фенси шалче или марама што ја добил за 8-ми мар… овај, роденден. Не можеш бе мајсторе така во кафана! Можеш на ручек кај старците на женска ти, можеш на дипломска, на интервју за работа ,или на прием кај Елтон Џон… али у кафана не! Времето кога по земјава шпартаа и кафанското вино го пиеја правите боеми не беше така одамна, понекаде сеуште постојат. Ама забот на времето озбилно ги нагризал на сметка на wannabe боемчињата. Е таквиот боем, најмалце пази каков ќе се појави во кафана. Он не доаѓа за да биде виден, туку ради некоја од причините од почетокот на текстов, или ради некоја само на него позната. Можеш да го сретнеш во капут што му е задужбина од дедо му, карирана кошула изгризана од молци, неуредна коса и кондура неретко експонат од 45-та. Ама никогаш нема да го сретнеш како седи на централната маса од кафаната, како се смее за да го чујат сите маси во радиус од 5 метра, и да се паркира пред кафана со нешто што не си сигурен дали е кола или свемирски брод. Седи некаде во ќош, сам или со уште два-тројца како него, и си прави муабет за своја душа. Ама затоа wannabe боемчето влегува во кафана за да биде приметен! Тука доаѓаме до неговиот крајно иритантен однос. Влегува ко лично Луј XIV да го очекува и седнува оф корс, на масата у средина која има чаршаф што чини како 2 пензии на баба ти (ако не била судија во Уставен). Каде бе шефе? Во ’Риц хотел’ да не влагаш? Не те прави боем тоа што јадеш и пиеш на чаршаф ко од индиска серија, и што си седнал на масата во средина која си ја резервирал 3 дена унапред. Боемот си точи врз чаршаф (на 2-3 места изгорен од цигара) на коцкици, точи никој да не види колку, и маса НИКОГАШ не резервира. Масата него ГО ЧЕКА. Ама не, боемчето треба да испадне фраер и околината да мисли дека на него чашата судбински му е предодредена! Затоа трипува дека секој келнер му е братучед, па на човекот од прва му се обраќа на ТИ. Ако келнерот има таблица со име, уште подобро!

-Јоцо (човекот се вика Јован) ! За мене еден коњак, дупли Јоцо, и за малата што пие!

Така он уствари “плени“! На Јоцо му се обраќа ко да играат серва у маало и ко да се разлика 2 месеца а не 25 години, и пробува да и остави на ’малата’ впечаток дека е он поет-револуционер, и расен плодител на се што иде на штикла и бар упола изгледа ко Џесика Алба. Како бе така? Како глумење боем со коњаче? Мада ако се напие он некоја ракија што ја пие правиот боем, ќе треба вулканизер да му ги крпи органите. Виното му е ’аматеризам, он дома од чешма го пие’, а за шприцер или немачуено, или верува дека е десен бек на Хофенхајм. Во кафана е уметност на една тура да се задржиш, и никој од тие што влагаат не се до толку уметници. Само после 5-тата тура, боемот во секој ќош гледа инспирација,а wannabe боемчето гледа џедаи. Околу ефектите на литрите кои боемот ги пие од бокал, а овој другиов од кристална чаша ко да е кинески цар, важи само едно правило. Скриениот во ќошот смислува стихови, раѓа анегдоти, кова заводнички тактики на кои паѓаат дами. Овој другиов збори за шведски акциони, за тоа како бил заложник на мафијата, и дека ОД СИГУРНИ ИЗВОРИ знае кој ќе биде нов папа. Храната ти е башка приказна. Додека го м’цка коњакот саат време, шефот нарачува котлети, помфрит и нафора. Ајде бе! Ако си боем што не нарачаш ајмакац? Чорбата на правиот боем му е амброзија! Ама неее, повеќе месо – поголем ти е… апетитот. А тоа 100% ќе ја импресионира ’малата’ ! И додека нарачува не прекинува на келнерот да му игра по ганглии со тоа “Јоцо“. Битно е малата да види дека он познава луѓе, дека отклучува врати! И док го чека пилешкото, телешките котлети или којзнае каков марифет нарачал, му прави на Јоцо фаци од типот “Ќе биде ли тоа годинава?“. А Јоцо сиромав, мила е егзистенцијата, башка треба за синот нови книги и за ќерката панталончиња, па го трпи ропакот.Пардон, “боемот“! И додека нашиот вистински боем таму во ќошот на салфетка запишува стихови или мисли кои еден ден ќе ги цитираат нови вистински боеми, wannabe боемчето се слика 45 минути во 19 пози со новиот Ај-фон и ОДМА ја прикачува сликата на Фејс(че). И за он да испадне поголем боем, без да знае дека уште повеќе ја понижува кафаната, на сликата во опис и става некој опасен стих, што само го отсликува неговото “разуздано и непредвидливо секојдневие“ – “Не прилази не прилази, самном у ноќ не одлази, ни келнери ни девојке не воле такве момке!“. Нашиот боем, а и Јоцо, памтат некои подобри времиња, каде Тома Здравковиќ жарел и палел низ балканските кафани, и боемот на Наум Петревски не би жалел да му ги даде последните пари.

“ Како Наум не го знам! Имаше една негова во ’Како беше текстот’! Другиов не го знам, Балкански војни слабо имам упратено…“. И после иди не му стај азиски питон 5 метраш у кревет док спие!

Али затоа пред друштвото и ’малата’, ќе се понаша како да е жива енциклопедија за кафанска музика. Не го знае Тома, а кога ликот на клавијатура ќе ја заурла “Кафана је моја судбина“, боемчето шири немоќно раце и гледа у небо (читај таван). Демек, не е он крив што е крал без круна, птица без јато, и животот му го наменил тешкиот и трнлив боемски пат, ама ете, храбро се носи со повикот на судбината! Извини бе ТОЗОВАЦ, тебе во родниот лист кај место на раѓање “Два златника“ да не ти пишува? Мајка ти со домашна лоза да не те доела? “Боемчина“! Тука сасвим природно, на него и урлачот на клавијатура му е братучед! 3 пати му иде да нарача песна, а уствари 3 пати го убива од молење да му испее 2 минути за стотче, па следниот пат “ ќе му пуштел две тури црвено!“ Али од далеку ’малата’ има дојам како он да си прави список на музички желби, затоа се задржал толку! Уште ако овој му се смилува да му прокевта една строфа и рефрен, боемчето песната ја запишува на салфета. Какошто доликува на една кафанска икона!

Само, никако не можам да избегам од дојамот дека најголемата деградација за оваа институција која со ништо не го заслужила тоа, тек следи. За wannabe боемчето кафаната е само загревање пред со ’малата’ да продолжи на некое место кајшто единствен услов за влез ти е да немаш пола мозок. Ќе плати со парите што му ги дала баба му за матура, за положен Еф-Си, или пошто го видела на телевизија за некоја глупа анкета па се зарадувала старата, и ќе ја здува. На некоја Гранд звезда што има репертоар од песна ипол, на некој бенд што во склоп на настапот жртвува јарец, или на некој холандски диџеј што не пушта музика ни кај сестра му на роденден, ни па мајка му знае дека е диџеј.

Мене у животов ме води една мисла, што сум убеден дека е точна и ради која некои прави боеми wannabe боемчето би го одлежале во затвор ако го чујат како ја изговара.

Ако сакаш храна за телото, побарај леб. Ако сакаш да го нахраниш егото, истрчај на стадион. Ако ти треба храна за срцето, помилувај жена. За да го нахраниш умот, оди во библиотека. Да ги нахраниш очите, направи добрина. Ама за да ја нахраниш душата, влези во кафана.

Следењето на оваа филозофија не ме прави боем. Боемите ги кова самиот живот. Али доволно ми помогнала да знам да направам разлика меѓу некој кому кафаната му е дом, и некој кој сака да ја осквернави со своето бахато понашање. Човек кој е грев да го ставиш во иста реченица со кафаната. Боемот ја сака кафаната пошто го буди поетот во него. Боемот ја сака пошто бар за кратко му ја лечи душата. Ја сака пошто дедо му ја сакал. За wannabe боемчето e нешто пролазно, потрошно. Он го сака само митот за кафаната, пошто во неа гледа некаква краткорочна добробит. Ја сака од помодарство. На боемот земјата по која гази после него мириса на вински подрум. А wannabe боемчето и да се бања во вино, пак ќе смрди на шминкерај. Е кога таквиот ќе проба да влезе во кафана, на газдата со декрет треба да му биде гарантирано правото да го исципелари надвор. И кога самиот себе ќе се ослови со боем, газдата да не одговара кривично ако “случајно“ го погоди со шатган, за да може Тома, Ристо Шишков и Борис Дворник да почиваат раат…

Автор: Никола Здравковиќ

Посетено 5.976 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!