Старите Хитови Се Најдобри Како И Старите Датуми За Празници

[fblike]


Песната „Во Борба, Во Борба“ – доби нова преработка!


radio buba mara logo BIGВо чест на празникот 11 ОКТОМВРИ на иницијатива на Радио Бубамара по 70 години повторно оживеа една од најпопуларните македонски песни на сите времиња. Слободарските стихови од антологиската „Во борба, во борба… македонски народе“, со кои започна НОБ во Македонија и рефрените со кои беше прославена победата над фашизмот, повторно се актуелни благодарение на културно-уметничкиот народен херој и здравствен дисидент Кирил Поп Христов и еколошко-забавниот војвода Ранко Бубамара.

kili_majkatiitatkoti

„Со оваа снимка постарите ќе може да се потсетат, а помладите да ги научат слободарските стихови и во празничните денови гордо да пеат на сиот глас“, порачуваат од Радио Бубамара.

Во Борба….доколку не ја знаете, еве имате прилика во изведба на Кили и Ранко да ја научите напамет до 11. Октомври, Ден на востанието на Македонија….Честит нека ни е празникот.

Posted by MAJKA TI I TATKO TI on Friday, October 9, 2015

 

Снимањето на песната има интересна приказна. Новата верзија на песната е снимена пред точно една година, на само неколку часа пред актерот Кирил Поп Христов да замине на лекување во далечниот Еквадор.
„Кога го испраќавме за Еквадор, посака да влезе во студио и да го отпее познатиот рефрен за слободата и да испрати неколку еколошки радиопораки до своите сограѓани. Додека ги ставаше куферите во автомобилот ја отпеа неколку пати, за потоа во студио во еден здив да ја сними само со глас. За наша среќа, имаме и видео запис од неговото харизматично слободарско пееење во студио, кое го снимивме со мобилен телефон, со што успеавме да изработиме и празничен видеоспот“, изјавија од Радио Бубамара.
По неколку дена е снимена и музиката со специјален народен оркестар. На снимката е додаден и дел од говорот на војводата Ранко Бубамара, кој го обзнани во Крушево во име на шумско-еколошкиот манифест за заштита на шумите и дрвата од неконтролирано сечење.
„Секоја генерација има своја Борба, ако на времето нашите предци се бореле и се избориле за СВЕТА НАРОДНА СЛОБОДА, нашата генерација има повеќе борби, меѓу кои е и борбата за екологија и заштита на дрвјата и природата, борба во која не треба да има поделба ни по партиска, ни по класна, ни по верска припадност. Затоа сите треба да застанеме во овој голем народен еколошки фронт и да се избориме за заштита на природата и шумите, а со тоа  и за нашето здравје“, изјавува еколошкиот народен херој Ранко Бубамара.

Нека ни е честит 11 Октомври!BORCI

Посетено 1.563 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!