Округлиот Мост На Олафур Елиасон Го Украси Копенхаген

[fblike]
Cirkelbroen
Cirkelbroen_pocetna
Студио на Олафур Елиасон на жителите на Копенхаген
им подари идеална нова локација за средби – мостот
Cirkelbroen
Новиот мост кој се појави на улиците на Копенхаген елегантно ја скрши монотонијата на правоаголната архитектура и донесе разиграност во главниот град на Данска. Автор на мостот, познатиот уметник Олафур Елиасон, објасни дека инспирацијата за својот архитектонски проект ја најде во сликите на рибарските бродчиња кои како дете ги гледал на брегот на Исланд: чамчињата во голем број се приближува кон пристаниште; имаше толку многу што се чинеше сосема можно да се отиде на пристаништето со скокање од едно бродче на друго.

Cirkelbroen_01

Cirkelbroen се состои од пет кругови со различна големина кои се допираат, “навлегувајќи” еден во друг во кривудава патека по која сите се наоѓаат во рамките на “кругот” мора да запрете и да погледнете наоколу и, можеби, да ги апсорбирате убавините на Копенхаген. Новиот разигран мост е идеално место за средби, дружење или пауза од градската врева.
Разиграноста на мостот е истакната со црвената боја на металните прачки, кои се испреплетуваат и формираат мал вид на мрежа. Според проценките од страна на авторот и на градските власти, се очекува дека преку овој мост секојдневно ќе минуваат околу 5.000 луѓе, а ако случајно се најдете овие денови во Копенхаген, не пропуштајте ја можност да отидете на Cirkelbroen.

Cirkelbroen_02
Cirkelbroen_03
Cirkelbroen_04
olafur-eliasson-cirkelbroen-bridge-copenhagen

Посетено 762 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!