Љубовта Денес Е Посилна Од Цело Минато Заедно

[fblike]

Three rules of loveПомнам еден наш разговор кој ми остави голем впечаток.
Ќе го изрецитирам бидејќи сакам да ја доловам
емоцијата без раскажување.
“Еј, морам да ти признаам нешто.
Отсекогаш сум посакувал личност до мене која никогаш нема да ми здосади.
Која и во моментите на монотонија ќе зборува глупости, а јас со внимание ќе ја слушам и ќе се радувам што е покрај мене. Отсекогаш сум посакувал некој што ќе ми го оттргнува вниманието кога сум нервозен или тажен.
Личност која ќе ме утеши.
Личност со која можам со месеци да седам во четири sида и нема да посакам да излезам оттаму.
Сродна душа, ете тоа сум посакувал, мислам дека ја пронајдов.
Ова беше тој разговор или монолог кој го паметам. Велам монолог бидејќи не знаев што да одговорам на ова.
Тој беше личноста која ја чекав целиот мој живот.
Отвори ја тетратката рече.
Колку правила имаш запишано?
33 – Одговорив.
Запиши го следното под број 34. – “Љубовта денес е посилна од цело минато заедно.””
Посетено 1.566 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!