Си Зборувам самата со себе понекогаш, дали сум нормална?

si-zboruvam-samata-so-sebe-ponekogas-dali-sum-normalna-1

Добро утро, Моника! Ај сега прилегни си оти се осеќаш како отепана…
Ако си прилегнеш цел ден ќе ти помине пред очи, а ти нема да го видиш, станувај пизда ти материна, се осеќала како отепана, станувај да ги тепаш останатите со зборови, ајдеее…!
И така секој ден…
Си зборувам самата со себе реков понекогаш бидејќи ако речев секогаш ќе си помислевте дека сум ненормална, а мене и баш ми е гајле што ќе си помислите.
Дали сум нормална, според вас, според ваш став, дали ги исполнувам вашите критериуми на нормален човек?
Секако дека не, затоа што си зборувам самата со себе, не зборувам со вас, а кога некој не ви се обраќа, додека вие умирате да го стори тоа, веднаш е ненормален.
Навикната сум, нема гајле…
Заклучивме дека сум ненормална, што правиме со сите нормални денес?
Оние кои зборуваат само за другите, живеат за другите, пардон преживуваат и се грижат за се останато освен за себеси, мене ми е страв за нив знаете.
Штом зборуваат за другите (вклучувајќи ме и мене во тие другите), значи не си зборуваат со себеси (страшно), штом живеат за другите значи немаат свој живот или имаат али не им е доволно интересен за зборување, штом се грижат за се останато (вклучувајќи ме и мене во тоа останатото) нека отидат денес да ми купат нови гаќи, се помочав од смеа кога видов дека се мочаат врз моите текстови.
До каде застанавме со мојот монолог…а да, заборавив да си кажам дека не само што си зборувам самата со себеси туку и се карам понекогаш.
Отварам дебата, развивам конфликт на глас, се прашувам зошто се уште живеам тука, зошто се уште ги трпам сите околу мене, зошто не им се обратам на начин на кој што заслужуваат па потоа да можам да се вклопам конечно во тоа нивно нормално денес.
На крај сфаќам дека не сакам да сум нормална, се обидов еден ден да бидам нормална, беше тоа најлошиот ден од мојот живот.
Си реков никогаш повеќе…
Јас ќе си зборувам сама со себе и си бидам ненормална, а вие зборувајте за сите останати околу вас и бидете нормални.
Но, запомнете нормалното секогаш е релативно…
Вие си проговорвате ли некогаш сами кога никој не ве гледа?
Посетено 1.898 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!