Навредата Делува Како Мотивација!
Колку пати ви се има случено само поради една навреда да направите целосен пресврт на вашиот живот во позитивна смисла?
Сигурно многу, но не сте забележале…
Човечката потсвест е страшна бидејќи се работи за неконтролирана работа која прави се што ќе и заповедате, односно се што вашата свест ќе и каже да прави.
На пример ако некој ве нарече неуспешен, глупав, будала и слично со тоа ве навредува, нели?
Во истиот момент во вашата глава се формираат начини на кои вие може да му го промените мислењето со докажување дека сте успешни, паметни, најдобри…
Овие мисли им доаѓаат на личностите со самодоверба на добро ниво.
Потсвеста ја одбира најдобрата варијанта од понудените на кои може да го докажете тоа и автоматски ве прави се што сте посакале да бидете само за да докажете дека сте способни и да си докажете себеси дека можете да направите се што ќе посакате.
Започнете да гледате поразлично на навредите од денес, бидејќи иако некогаш делувале како несвесен мотиватор на вашата потсвест, исто така можеби ви делувале и негативно.
Негативната реакција ја предизвикале со ваше прифаќање на тие навреди како лична сопственост и вистина за себеси.
Запомнете, навредата е навреда доколку ние ја прифатиме како навреда, а доколку ја прифатиме како мотиватор, ќе не мотивира максимално.
Ова не сте го знаеле порано, затоа и можно е навредата да делувала негативно врз вас, но сега сте свесни за вашата моќ која ја поседува секој човек на планетата, но не секој ја користи и добивате можност да ја искористите во иднина.
Секогаш кога ќе наидете на навреда, пречекувајте ја со насмевка и како бумеранг истата ќе се врати во челото на соговорникот, бидејќи она што тој го критикува кај вас е рефлексија на неговата личност.
Односно она што не му се допаѓа кај вас или самиот идеализира дека вие го поседувате се случува бидејќи самиот знае дека го поседува истото или не се сака себеси воопшто, па таа агресија која сака да ја истури врз себе, ја истура врз вас.
Од денес кога некој се обидува да ве зацрни, покажете му колку добро ви стои црната боја и истакнете се себеси во најубаво светло кое ќе го ослепи!
Активирајте ги навредите како мотиватор, не како демотиватор или доколку не сакате, едноставно игнорирајте ги.
Ниту една акција не може да допре до вас ако нема ваш фидбек, односно повратна реакција, запоменете го тоа.
Посетено 669 пати