Да те мразат, а да ти се восхитуваат
Дали те мразеле или сакале, исто ти се фаќа, секако мислат на тебе…
Викаат не постои темница, постои недостаток на светлина, викаат
не постои ладно, постои само недостаток на топлина, викаат
не постои омраза, само недостаток на љубов…
Јас ќе речам, не постои омраза, постои недостаток на восхит кон себеси, недостаток кој многу луѓе денес го имаат, а не се ни свесни дека им ја квари цела слика која ја оставаат пред светот.
Како убава девојка, со невидени црти на која и се дивиш, но откако ќе забележиш дека окото и е искривено, автоматски сликата ти се искривува во мозокот и ја перцепираш како грда.
Кога подобро ќе размислам, не ја перцепираш како грда, туку се обидуваш да го поправиш впечатокот кој ти го оставил тој недостаток, али јебига не успеваш.
Кривото око секогаш ти боде очи кога ќе ја погледнеш.
Така и со луѓето, често се обидуваме да се убедиме дека не им е денот, не се ебани од сабајле и така натаму, али длабоко во себеси знаеме дека имаат недостаток кој никогаш нема да го сокријат.
Тие не се сакаат себеси, а богами не можеш да се восхитуваш на нешто што не го сакаш.
Кога го сфаќаат ова пред да заспијат на перница, овие луѓе започнуваат да ги мразат сите околу нив кои немаат криво око.
Ги хејтаат бидејќи не можат да бидат како нив, криви очи не се исправаат така лесно. Ги мразат сите, а во суштина им се восхитуваат.
Затоа не се нервирајте кога некој не ве сака, тој ве мрази бидејќи нема друг избор, восхитот кон неговата убавина не постои, затоа ви се восхитува на вас и ве мрази.
Без разлика дали станува збор за успех на професионално, љубовно поле…
Не може да види дека истата убавина ја има и тој поради кривото око со кое ве гледа вас постојано.
Едното му е вперено во огледалото, во себеси, а другото во вас и ве гледа, ве гледа, ви се восхитува…
А ве мрази!
Кога ќе се запрашам зошто некој човек мрази, кога може да сака, одговорот на ова прашање си го давам самата себеси, а тоа е дека самиот не се сака, како би сакал некој друг ако не се сакаш сам.
Би препорачале да се обидете сите да се сакате сами себеси, ќе видите дека нема да ви остане време да ги мразите другите, но кој би ни се восхитувал тогаш?
ШТА БИ ДАО
Шта би дао да си на мом мјесту:
Да те мрзе а да ти се диве
Шта би дао за велику гесту
Мјесто свога да твој живот живе
Шта би дао да можеш овако
дићи руку а пук да те слиједи
дал би и ти у свом срцу плако
као што се моје срце леди
Буди срећан што си прекопута
и што нас страшна провалија дијели
јер ово је мојих пет минута
а пред тобом стоји живот цијели