Ајде Сите Во Барселона!
Не само што ќе ве освои со својата убавина, може да се пофали и со фантастичната храна, најдобрите ноќни клубови, ресторани и голем број на светски атракции кои се бесплатни за посета.
Едно од тие атракции е паркот Гуел, кој доколку не го посетите и не се воодушевите од работата на Антонио Гауди исто како да не сте ја посетиле Барселона.
Овој јавен парк бил изграден според желбата на архитектот да ги следи соништата и преку своето дело да допри до милион срца ширум светот и да ги шармира луѓето конструирајќи нешто уникатно.
Делата на познатиот архитектот ја вклучуваат и голема црква, Ла Саграда фамилија, која е се уште во изградба дури и 90 години по неговата смрт.
Неговата работа исто така вклучува столбови и мозаици кои ќе ве натераат да останете со отворена уста, а спаѓаат во ремек дела кои заслужувате да ги видите барем еднаш во животот.
Ова парче рај на Земјата ќе биде рај за вашите очи, кој ќе ве натера да ги спаковате куферите уште денес и да ги посетите следните места во оваа прекрасна земја.
Изгубете се во El Born & El Gotico
Ова е една од најстарите и најубавите улици во Европа во која несомнено ќе се изгубите, без разлика дали сте турист или живеете таму со години.
Малите кафулиња, барови и продавници му даваат шмек на целата улица и ја прават одлично место за уживање иако сте загубени во неа.