Единствената болка која вреди е онаа што ве прави посилни

Славната реченица на Френк Андервуд во делото “Куќа од карти” гласи: Постојат два вида на болка- болка која ве прави силни и бескорисна болка- која ви предизвикува страдање.

Јас немам трпение за бескорисни работи.

Понекогаш чувствуваме дека без оглед на тоа колку среќни и прекрасни мигови да имаме во нашите животи, болката сепак преовладува.

Нашите секојдневни одлуки воглавно се предводени од болка и избегнување на болката. Остатокот е регулиран од нашите желби, кои најчесто се поврзани со нашите потреби, со тоа што сме биле отфрлени, со нашите слабости- да одбиеме некој.

Не можете да ја избегнете болката. Без оглед на тоа што го правите во животот- без оглед на околностите во кои се наоѓате и одлуките кои ги донесувате- не можете бесконечно да ја избегнувате болката. Таа е неизбежна и потребна- потребна ви е бидејќи без неа не можете да преживеете.

Сите живи суштества чувствуваат болка до некој степен. Начинот на кој тие ја доживуваат и искусуваат болката во голема мера се разликува од начинот на кој луѓето ја доживуваат- особено ако зборуваме за растенија и микроорганизми.

Живите суштества можеби и не чувствуваат болка, но тоа не значи дека не реагираат на стимули, што теоретски би предизвикало болка кај цицачите, на пример.

Ние доживуваме болка бидејќи сме големи суштества кои имаат потреба од голем  и сложен ‘систем кој најавува опасност’- потребно е повеќе време и енергија за да не убеди дека сме во опасност. Физичката и емоционалната болка се причините поради кои ние реагираме и се приспособуваме со голема брзина.

Ова е неверојатно ефикасен систем – барем делот кога зборуваме за физичката болка. Другиот вид на болка… нема толкаво влијание. Сплетот од емоции кои ги доживуваме помалку се предности, а повеќе се грешки со кои сме заглавиле бидејќи ништо не може да настане без нив.

Од друга страна пак, човечкиот мозок не би бил она што е без емоциите. Ние никогаш не би размислувале ни за дел од работите за кои денес размислуваме и ги замислуваме.

Ние би немале мотивација да правиме било што, да постигнеме нешто, да создадеме нешто. Без емоционалната болка не би постоело его, а без его- човечките суштества не би биле човечки суштества.

Комплексноста на емоционалната болка која ние сме способни да ја доживееме е она што не прави луѓе. Па зошто да мислиме дека треба да го избегнеме тоа?

Секако, се чувствуваме лошо кога сме тажни, кога ни е скршено срцето, кога сме осамени, фрустрирани, под стрес или исцрпени и на работ да се откажеме. Тоа е лошо чувство, но зошто да биде толку лошо?

Дури и физичката болка не може да биде објективно лоша- таа не предупредува за некаква опасност. Без физичка болка, ние би паѓале од креветот додека се превртуваме во сон. Без емоционална болка, ние ќе бидеме полоши и од социопати.

Нам ни е потребна емоционална болка за да ја цениме суштината на животот. Исто така и за да ги живееме нашите животи со цел.

Иако целта би требало да биде подеднакво емоционално и рационално патување, поради тоа што нашите емоции го овозможуваат остварувањето на нашите соништа. Без нив, не би можеле да најдеме мотивација.

Подобро е за сите да ги прифатиме сите овие емоции, кои можат да бидат пријатни и болни за да ја достигнеме целта. Вообичаено, задоволството и болката ни помагаат за да ги подобриме животите. Како и да е, понекогаш е можно и спротивното. Понекогаш задоволството и болката се сосема бескорисни.

Кога нашите емоции немаат цел, тогаш тие стануваат излишни. Во ваквите моменти, ние си дозволуваме да бидеме емотивни бидејќи чувствуваме ( во заблуда) дека тоа ќе ни помогне на некој начин, ќе направи да се чувствуваме… подобро?

Премногу добро не е на добро. Премногу задоволство и се губи сиот тој сјај. Премногу бескорисна, непотребна болка и самите намерно си нештетувате.

Дури и ако не си нанесувате емоционална болка намерно, со самото тоа што одбивате да разберете и да рационализирате зошто болката е ирационална, вие само се погрижувате да продолжите со страдањата. Станувате садомазохист и само се лажете сами себе.

Сигурно сте доживеале многу болни моменти во животот, па затоа не постои рационална причина да дозволите уште болка, или барем да не дозволите тоа да е болка која може да се избегне и е бескорисна.

Болката не учи на лекции, ни помага да разбереме што е важно и што сакаме во животот. Болката ни помага подобро да се разбереме самите себе.

Секој доживува комбинација од корисна и бескорисна болка. На моманти, нашата првична емоционална реакција е погрешна. Токму информацијата која ја знаеме и она што ние го замислуваме како остаток од информацијата кој недостасува е она што предизвикува емоционален одговор кај нас.

Зарем не би имало повеќе смисла прво да се осврнеме на информацијата која ни недостасува пред да одлучиме што треба да чувствуваме? Можеби не можеме да имаме целосна контрола на нашите чувства, но сепак имаме повеќе контрола отколку што мислиме.

Нашите емоции се предизвикани од страна на нашите мисли, а ние можеме да ги контролираме нашите мисли во голема мера, некои помалку, а некои повеќе од другите. А со доволно пракса, можеме да добиеме целосна контрола врз нашата верзија за реалноста.

Откако ќе потврдите дека болката која ја чувствувате е оправдана, погледнете ја лекцијата која се крие меѓу редови. Секогаш постои лекција кога се работи за корисна болка, токму поради тоа се вика корисна.

Посетено 2.121 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!