Човек-Кусур

kusur_majkatiitatkoti

Со сите ти е поинтересно
отколку со него – он е човек-кусур,
он ќе добие само трошка од тебе,
ако уопште остане нешто за него
Ама кога на сите им се смее а тебе ти се плаче
идеш кај него, човекот-кусур, он ќе плаче со тебе
Кога на сите им се плаче а тебе ти се смее
идеш пак кај него, човекот- кусур,
он ќе се смее со тебе иако можеби не му е до смеење
Кога ќе заврши журката а тебе уште ти се журка
тука е тој, човекот – кусур
Кога ти се пие а немаш со кого, без гајле,
тука е човекот-кусур
Кога сакаш со некого да збориш а немаш со кого
пак е тука човекот-кусур
Човекот-кусур има посебни чувства за тебе
и затоа ти е секогаш при рака кога
немаш други опции ама никако не ти е најдобар другар
Тоа е некоја чудна симбиоза помеѓу тој што те сака
и тебе што го користиш и мафташ
„дечко а кусур?“ – ми ја прекина мислата
девојката на шанк

Посетено 780 пати