Во рајот сите се космонаути
Во рајот сите се космонаути.
Таму и глувиот слуша.
Не постојат мински полиња
нити даљинска со слаба батерија
нити мамурни недели
во овој розев подрум.
Си правиме умствено банџи
со јаже за бесење.
Се будиме под ќебе
што смрди на задутре.
Теглите празни како главите,
пепељарите полни, плуќите на заем.
Гризаме прсти за мезе, уз паранојата.
Холограм на комшијата
што највеќе го мразиш.
Промашени метаци и јогурт за доручек
во сајбер менза под земјата.
Автостоп без прсти.
Педери на touch.
И баба ти знае дека
у секоја манџа има сто грама иронија.
Имаш ли кибрит?
Спуштив торенти за динамит.
Предкоморите се полни со помија.
По дома прашина.
Со сета сила.
Посетено 396 пати