Смотаната баба и трите цицки
„Зоки сакаш нешто за јадење?“- ме прашува баба ми
„може ама ако пак ми направиш гаден сендвич
ќе те продадам на старо купује“
„како не бе, 100 пати си пробал, тие купуваат стари работи
ама не толку стари како мене“
Го отворам сендвичот да видам што ставила
и наеднаш од внатре едни заби скокнаа, ми го одгризоа носот
и се сокрија под кауч.
„хаха како те зезнав, ја ставиви мојата вештачка вилица во твојот седвич“
-ми се смее бабата во фаца
„вампир еден“- и’ викам и искачам да се најдам со девојка ми
„еј што си оваков?“- ме гледа она со израз на гадење
“баба ми ми го одгриза носот“
„баш си ружен, ај кога ќе ставиш нов јави ми се, чао“
„кај идеш ма..ма не се занесувај..ејјјј “
„дечко што е оваа галама, дај лична карта“
-ми се обраќа некој цајкан што се створи од никаде
„не си ти овој на сликата“ – ми вика откако ја виде
„абе јас сум само без нос “
„ќе морам да те уапсам“
„еј не зезај“
„морам“
„добро кога се мора, него ај више кога ме апсиш
дај ми го пишолот“
„да ти го дадам пиш..ти нормален си?“
„на кратко ми треба, само да ја убијам баба ми.
А и за тебе е подобро да уапсиш некој убиец него некој
што не носи лична карта,
замисли колку ќе се прославиш..можда улица ќе крстат по тебе
или плоштад или парк или нова линија на парфеми или цигари
или кожна гарнитура или планета или..“
„добро доста , еве ти го пиштолот“
Набрзина идам до дома и се враќам разочаран:
„извини не ја најдов бабата, искочила некаде
ама и’ ги најдов парите,
ај да идеме во кафана да те частам само да не ме апсиш после“
„демек ме поткупуваш?“
„не бе таман работа, онака да идеме да к’снеме нешто
и ти додека идеш во вц јас ќе киднам..поштено нели?“
„поштено ама ќе идеме во една моја омилена кафана“
„која?“
„Кај Трите Цицки“
„еј што продуховено име и’ ставиле..а зошто така се вика?“
„ќе видиш“
Седнуваме, нарачуваме јадење и пиење за сите пари
и одма ни се приближува пеачката.
Ја гледам..сега ми е јасно од каде името.
„девојко зошто имаш 3 цицики?“ – ја прашувам
„па помеѓу левата и средната ми бутаат евра
а помеѓу средната и десната денари“
„а железни ?“
„нив ги голтам па после ги…“
„добро,добро не ми кажувај детали, јасно ми е“
И како што се договоривме цајканот отиде во ВЦ
а јас му ја киднав
ама претходно му го украдов пиштолот
Сега ќе види баби ми, скроз ќе ја убијам
Ама џабе радости, влегувам дома и ја начекувам мртва,
умрела во меѓувреме од старост или болест, кој да ја знае?
И сендвич ми направила бе пред тоа и тоа баш онаков каков
што го сакам, ПРВ пат во живот.
Кај најде сега да умре , смотана старица… таман научи
што сакам да јадам.