6 работи кои ги сфаќате и за кои жалите дури откако ќе дозволите некоја посебна личност да си замине од вашиот живот

Сите доаѓаме до еден момент во животот кога прифаќаме дека не можеме да продолжиме сами во животот, дека ни е потребен партнер кој ќе не придружува. Различни луѓе го сфаќаат ова во различно време, но без оглед на тоа кој сте, како или каде сте израснале, или пак во која ситуација се наоѓате, вие ќе сфатите, порано или подоцна дека не можете да продолжите сами Згора на тоа, и ќе прифатите дека не сакате да продолжите сами.6 raboti_majkatiitatkoti

Постои разлика помеѓу тоа само да знаете или да ви кажат дека ви треба некој во животот и сами да почувствувате дека ви е потребен некој со кој ќе го споделите животот.

Дознаваме различни вистини во текот на животот и и покрај тоа што често веруваме во тоа што ќе ни се каже, ретко наоѓаме мотивација да го направиме тоа што ни се препорачува без претходно да ја почувствуваме таа потреба за да дејствуваме, за да промениме нешто.

Еден од најдобрите мотиватори за да се вдомите и да најдете партнер е моментот кога ќе сфатите дека сте го пуштиле вашиот идеален кандидат да си замине.

Сите го бараат следното најдобро нешто, но само еднаш сфаќаме дека пронаоѓањето на подобра личност е најчесто невозможно и само тогаш ќе го цените она што еднаш сте го имале и сте биле недоволно зрели за да го задржите.

Дури тогаш кога ќе сфатите колку ви било добро некогаш, ќе сфатите колку ви е лошо сега и само тогаш ќе бидете подготвени да свртите нов лист во вашиот живот и да тргнете во правилната насока.

Во одредена смисла, потребна ви е онаа личност која сте ја изгубиле за да ја пронајдете личноста која ќе остане до вас засекогаш.

1. Сфаќате дека да сакате и да сте вљубени се две различни работи

Две лица кои се совршени еден за друг и на крај не се заедно, вообичаено е така поради еден од нив двајцата кој смета дека не е повеќе вљубен во другиот.

Врските знаат да бидат доста напнати на почетокот, дури и повеќе кога излегувате со некој кој потенцијално би можел да е оној вистинскиот или онаа вистинската. Исто како што и новитетите и сета таа возбуда околу тоа изумира, така е и со нашите емоционални одговори.

Тоа што не чувствувате како да срцете ќе ви излезе од градите кога ќе го видите партнерот не значи дека не сте веќе вљубени. Тоа само значи дека не сте повеќе загрижени дека ќе го изгубите. За жал, ова е чувство кое само ве залажува, затоа што секогаш, во било кое време можеме да изгубиме некој.

2. Сфаќате дека е полесно да најдете некој кој ќе сакате отколку некој кој ќе ве сака

Можете да се вљубите во некој и да престанете да сакате за недела дена ако вашиот ум така размислува. Секако, тоа би било многу плитка љубов и сигурно нема да потрае, но сепак ќе треба да доживеете уште многу чувства поврзани со овој феномен. Најтешкиот дел е да најдете некој кој ќе ве сака за возврат.

Многу фактори се во игра кога размислувате за тоа дали некој е способен да ве сака или не, толку многу фактори, а на крај се се сведува на среќа.

Доколку таа или тој се најде на вистинското место, во вистинското време можеби ќе одговара за вас. Како и да е, ваквите шанси се ретки во животот и најчесто ги пропуштаме.


3. Сфаќате дека можете да се однесувате ужасно кон луѓето

Љубовта резултира со најдоброто или најлошото кај луѓето. Кога работите во врската се одвиваат по текот по кој ние посакуваме, тогаш ние сме најдобрите луѓе во светот.

Поради тоа што работите ги доведуваме до крајност, премногу се отвораме и полагаме голема доверба во другата личност, кога се чувствуваме загрозени ние реагираме со ужасна жестокост.

Не постои подобар човек од оној кој е вљубен, ниту пак полош од оној кој чувствува дека може да ја изгуби таа љубов. Треба да прифатите колку ужасни можете да бидете со цел да сфатите колку ви е потребно да избегнете да бидете таква личност.


4. Сфаќате дека вашите чувства си играат со вас

Она што повеќето луѓе не го разбираат се додека не е предоцна е дека нашите чувства не се добри индикатори на реалноста. Како прво, ја имамае реалноста околу нас која не е субјективна, туку е целосно објективна- реалност која постои само во физичка смисла.

Тогаш ние го додаваме и вториот слој на оваа реалност преку примањето и толкувањето на она што го гледаме. Дури тогаш ние ги искусуваме емоционалните одговори, но не како одговор на самата реалност, туку како одговор на нашето толкување на истата.

Чувставата се трети и често се отстранет дел кои ја сочинуваат нашата лична реалност. Доколку погрешно ја сфатиме, погрешно ја протолкуваме или ако не разбереме нешто, тогаш нашите емоции ќе се одразат на грешките кои ги правиме, а не на она што реално постои.

Најголем дел од врските завршуваат без успех само поради ова- погрешно толкување на реалноста, донесување на погрешни заклучоци и тогаш дозволување на лошите емоции да не надвладеат.


5. Сфаќате дека и покрај тоа што ‘засекогаш’ звучи страшно, може да биде и драгоцено

Стравот од обврски е реален. Секогаш кога ќе се обврземе за нешто, ние истовремено ги одбиваме сите други можни алтернативи иако секогаш постојат други можности поврзани со одлуката.

Повеќето одлуки не не загрижуваат многу бидејќи чувствуваме дека можеме да ги промениме доколку е тоа потребно. Како и да е, кога станува збор за љубов, голем дел од нас сметаат дека тоа е или дека треба да биде засекогаш.

Донесувањето на одлука до која ќе треба да се држите до крајот на животот е страшна работа. Што ако ја донесете погрешната одлука? Што ако пропуштите нешто подобро? Секогаш постојат можности- не можете да се борите со нив бидејќи  овие прашања никогаш нема да исчезнат.

Наместо тоа, фокусирајте се на позитивните нешта што животот ви ги нуди. Вистината е дека никогаш не сте врзани кога станува збор за врски… за жал повеќето луѓе го сфаќаат ова дури откако ќе дозволат некој посебен да си замине од нивниот живот.


6. Сфаќате дека може бескрајно да ви недостасува

Поголем дел од физичките болки се привремени. Емоционалните болки пак, можат да траат и со децении. Можеби не се постојани, но можат да се појавуваат повторно и повторно, со години.

И сето тоа е потребно за да имаме едно искуство, една мисла, едно сеќавање кое ќе предизвика уште едно болно сеќавање. Ние сме само луѓе и учиме од искуствата. Единствениот начин да дознаете колку некој може да ви недостасува е да ви недостига личноста со која знаете дека можеби ќе го поминете животот.

Никогаш никој нема да ви недостига толку како партнерот кој си заминал. Ова го велам со сигурност бидејќи ако успеете да најдете друга посебна личност со која сакате да го поминете животот, попрво би умреле отколку да дозволите таа шанса да ви се лизне од раце.

Посетено 13.611 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!