Ѓубрето што го носам цел живот

[fblike]drisla_majkatiitatkoti
Не ставам тетоважи,
ги имам од моите претци,
втиснати ми се до кај што
игла не стига.
И еден куп карактеристики
што не би сакал да ми ги
поменат ни на помен.
Обележан сум од раѓање
а таков и ќе заминам.
Треба да си купам гробно
место над некое езеро.
Или, пак, можеби дотогаш
ќе кремираат и овде.
Во тој случај треба само
да посочам каде да ме
истурат.
Во Дрисла, со сето
останато ѓубре.

10.10.2014

Посетено 1.048 пати