Остави Цигарите, Ќе Те Убијат
[fblike]
Знам дека нешто, некој ден ќе ме убие…
Уште првата цигара кога ја запалив и нормално кога ме намирисаа родителите, следуваше една васпитна дебата, на тема здравје, плуќа, комшии, роднини, општество, иднина..тоа тогаш, беше еден доста мачен период, кој вака сега по сеќавање и нешто многу не ми остави некоја траума у натамошен развој како личност..најверојатно, така си мислам, поради тоа што блиските се помирија со мојот став дека сум станала пушач во ова општество, нешто као што се станува академски граѓанин денес..тука, кај нас..
..понатаму, во тоа време, како се развиваше братство и јединство, јас си бев ок, сите си беа ок, и све си беше ок, у поглед на мојот пушачки став, сама кон себе и другите кон мене..се почитувавме..
..значи, без трауми, со мастики за џвакање и редовна хигиена на забите и забните непца..
..не можам да се сетам дека некогаш цигарата ме убила нит у појам, нит у идентитет..
..времињата се сменија, јас не..почнаа да ме облетуваат суштества кои ми се инволвираа у живот, пушачки живот, па така да со масажите, прво мозочни, па грбни, па комплетно ол инклузив почнаа да ме масираат, до степен на болка, за тоа дека цигарите ќе ме убијат..
..не знам како да им кажам у проста реченица, дека дедо ми пушеше 88 години по 100 цигари, примаше редовна плата, имаше стан, куќа, убав и среќен живот, и не познаваше ниту еден извршител, ниту еден оператор од банка, немаше исфрустриран шеф на работа, немаше лигави другари и живееше бе!..
..знам дека нешто, некој ден ќе ме убие, ама глава сечам дека тоа нема врска со цигарите и со моето јас..тргнете ми ги од патот крлежите што ме цицаат у живот, па да видиме кој кого ќе убие..и дај малку да се почитуваме..пушачи, непушачи и дудлачи, м?…
Автор: Соња Ајановска Деловска
Посетено 5.780 пати