Заборавам да те заборавам

Нешто не е во ред. Сечам домати во кујната и си го пресекувам прстот. Показалецот. Длабоко и болно. Лош знак, мора да е лош знак. Но за што? Не, нешто не е во ред. Каде си, зошто не се јавуваш? Часовникот покажува пладне. Те барам да те прашам што сакаш за ручек. Расположена сум да ти готвам. Но од другата страна врската се прекинува. Ѕвонам предолго, а ти не одговараш. Чудно. Навистина чудно.

Три часот попладне. Ручекот се изладил, јас не сум гладна. Тебе те нема. Телефонот ти е исклучен. Барам некого да прашам каде си, но како за инает никого не можам да добијам. Лошо претчувство. Нешто се случило. Мора нешто да се случило. Паничам и не знам што да правам.

Ѕвони некој. Конечно! Ах, не е телефонот, вратата е. Зошто ѕвониш, зар пак го заборави клучот? Отворам и ги кревам веѓите пред тоа што го гледам. Другарка ми стои на прагот со пица во рацете. Се обидува да ми се насмевне со некоја болно утешна насмевка. Ти донесов да јадеш. Како си денес? -ми вели.Се будам утрово и чувствувам некоја празнина. Се вртам на десно, на твојата страна од креветот, и гледам дека те нема. Полека се извлекувам од кревет, додека низ глава ми се врти прашањето каде би можел да бидеш. Како прво, ти никогаш не си ми донел појадок во кревет, а како второ не се ни будиш пред мене. Ја провлекувам главата низ вратата од бањата и не си таму. Во кујна не си, а не си ни на балконот. Убедена дека ти излегло нешто итно или пак дека сум заборавила дека си прва смена влегувам под туш. Врел како и обично. Единствената причина поради која никогаш не се тушираме заедно. Додека смислувам што ќе појадувам се сецнувам од ладната вода која одеднаш почнува да прска од тушот. Мора да сум останала предолго. Чудно, јас сум секогаш готова за пет минути.

zaboravam da te zaboravam_majkatiitatkoti
Како сум денес? Какво е тоа прашање? Како и секој ден. А и си имам ручек. Готвев, па кај и да е ќе дојде да јадеме. Ама седни, не е дека и пицата нема да се изеде. -низ насмевка и враќам. Ме гледа тажно, како да не ѝ се верува што зборувам. Без збор ме прегрнува и плаче. Што е ма, што се случува?! Се случило нешто, нели? Кажи ми, веднаш да ми кажеш!

Ме гледа како да сум болно животинче на кое му нема спас. Оди и немо ја отвара неговата фиока. Празна е. Се вртам наоколу и забележувам дека низ станот нема негови фотографии. Нема ниту една. Му ја нема ни бањарката, ниту собните папучи. Солзи.

Ова е трет пат месецов Софи. -ја слушам низ плач. Трет пат…трет пат се губиш. Поминаа три месеци душо. Отиде, знаеш. Батали го веќе местово, дојди живеј со мене, барем додека да се средиш. И да знаеш новата не може ни на малото прсте да ти се фати, ќе се кае тој кога ќе… Не ја слушам повеќе што зборува. Ми затреперуваат колената и паѓам на подот. Пред очиве ми паѓа мрак. Можно ли е? До тука ли дојдов? Зарем полудев? Зарем…?

Автор: Софија Андовска

Посетено 3.000 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!