Ало Самарас?

После долго звонење конечно некој дига слушалкаalo samaras_majkatiitatkoti
Ало Самарас ?“ – го прашувам ликот
„Да јас сум ….кој е тоа
„А бе јас сум Зоки од Скопје, не ти текнува ?“
„Мхмх еј да“ – излажа грков- „што ти треба ?“
„Дај жити се заврши ги преговорите за името,
нема смисла 20 и кусур години не’ гњавите“
„Какво бе име? “ – со чудење ме прашува Самарас
„Ај не се прај мутав, за името на мојава земја,
Лулка на демократијата , Центар на светот
Колевка на христијанството, Оаза на мирот
и Терасата на Гоце“
„Ти на Лептокарија мислиш ? “
„Не бе.. на Македонија“
„А бе глуп Скопјаниан, јас сум Самарас
аутомеханичар од Солун, не сум премиерот“
„уфф, сум се заебал, те најдов во именик, извини
….него да не имаш случајно карбуратор за Спачек ?“
„Немам моментално ама знаеш што,
издавам апартмани во Калитеа па дојди
на викенд за само 4 евра за 12 лица а во меѓувреме
ќе ти го набавам карбураторот“
„и уште нешто “ му текна нешто на Самарас
„Слушнав дека многу Грци идат кај вас на забар,
да не знеш ти да поправаш случајно ?“ – прашува
„Па не знам, можам да пробам ..вадење сигурно лесно
ќе ми оди ама не сум баш сигурен за пломбирање“
„Може да се договориме, ти ќе ми ги поправиш забите
а јас ќе ти го дадам карбураторот бесплатно“
„Имаш клешта и бор-машина или да земам од тука ? “
„Имам бе, па не сум џабе аутомеханичар !!“
„Е па супер , се гледаме во сабота, ај чао“ – му викам
„αντίο“ – ме отпоздрави и ја спушти слушалката
–Значи колку и да не’ мафтаат политичарите ние
обичните смртници си немаме никаков
проблем во комуникација.

Посетено 984 пати